Почетна / Серии / Фото | „Зоки Поки“ започнува со емитување на 4 мај на МРТ 1

Фото | „Зоки Поки“ започнува со емитување на 4 мај на МРТ 1

Новата детска серија „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на првиот канал на МТВ.

Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот со репризи наредниот ден и во сабота и недела.

По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги.

Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, базирана на познатата лектира за прво одделение.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!