Почетна / МК Сцена / Видео | Даниел Дан со кавер верзија на „Не сум твој тип“ од бендот Дупер

Видео | Даниел Дан со кавер верзија на „Не сум твој тип“ од бендот Дупер

Во време кога настапите на музичарите се откажани, Даниел Дан и неговиот бенд решија дека токму сега е моментот и вистинскиот начин да ја изразат нивната креативност. Музицирајќи во домашен амбиент успеаа да направат дело со кое се надеваат дека ќе придонесат за доброто расположение на нивните фанови, a меѓу другото и да снимат своја верзија на познатата песна од Дупер.

“HIT THE HITS” е насловот на моето шоу, кое изминативе години активно го пласирам пред македонската публика. Овој пат под тематика Quarantine and Chill решивме да преработиме десетина македонски поп хитови. Во бендот членуваме: Даниел Данн (вокал), Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти). Во однос на продуцентскиот дел, видео обработка: Даниел Данн и аудио микс: Александар Кипровски. – објаснува Даниел за нашиот портал.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!