Почетна / Сапуници / Јанко Поповиќ ја превзеде улогата на главниот јунак во „Чиста љубов“

Јанко Поповиќ ја превзеде улогата на главниот јунак во „Чиста љубов“

 

Од сега нов актер ќе се бори за љубовта на Соња во “Чиста љубов”

 

Еден од најпопуларните глумци во регионот, Јанко Поповиќ Волариќ од минатава седмица е дел од глумачката постава во епизодите на хрватската хит серија на Сител телевизија. Јанко ја превзеде улогата на Томо, кој досега беше толкуван од Иван Херцег.

 

 

Оваа замена предизвика големи полемики во хрватските медиуми, како и меѓу фановите на “Чиста љубов”. На многумина им е жал што Иван повеќе нема да биде главен протагонист, но тоа се должи на тоа што тој предизвикувал проблеми за време на снимањата, па продукцијата решила да го “тргне” и да донесе нов актер на негово место.

 

 

Волариќ со големо задоволство решил да го замени колегата чие недолично однесување не можело повеќе да се толерира, па затоа новиот актер изјавува :

Драго ми е што станав дел од екипата на “Чиста љубов”. Среќен сум што сум дел од овој популарен проект и верувам дека со мојата глума ќе допринесам за уште поголем успех на приказната, која е одлично осмислена.

 


 

Нашата публика особено го памети Јанко Волариќ по главната улога во “Обични луѓе”, а запазен беше како дел од далматинската сага “Изборот на Лара”.

 

 

“Чиста љубов” ја следиме од понеделник до петок во вечерните часови на Сител телевизија, веднаш по завршувањето на “Се викав Мелек”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете како изгледа најновата хрватска новела

Нова теленовела започнува оваа есен на хрватската телевизија Нова, која се снима во Опатија и …