Почетна / Забава / Македонија ќе го дочека Илинден во Охрид со Nicky Romero!

Македонија ќе го дочека Илинден во Охрид со Nicky Romero!

 

Миленикот на светската електро денс сцена, омилениот хедлајнер на Tomorrowland и Ultra Music фестивалите ширум светот, Nicky Romero за прв пат во Македонија ќе приреди ексклузивен сет, и тоа на први август- ноќта спроти големиот празник Илинден во Охрид.

Водечката холаднска диџеј ѕвезда зад себе има соработки со ѕвезди како: Tiesto, Fedde le Grand, Sander van Doom, David Guetta, Calvin Harris, Avicii и Hardwell, а неодамна се закити и со наградата MTV EMA за најдобар холандски изведувач (каде ги престигна неговите сонародници Tiesto, Armin van Burren, Hardwell, Fedde le Grand, Afrojack и др.).

Според листата на 100 најдобри светски диџеи, познатиот DJ Magazine го рангираше Romero во првите десет.

 

Nicky Romero во 2012-та станува популарен со мегахитот „Toulouse“ и оттогаш, неговата популарност оди во нагорен правец. Покрај продуцентската работа, моментално Romero е резидент и на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени. Ова лето Nicky Romero ќе биде главна ѕвезда на Dance арената на годинашниот EXIT фестивал заедно со германскиот диџеј Robin Schulz, на која, меѓдругото, ќе прозвучат неговите мегахитови „Legacy“, „Symphonica“ и „Toulouse“, тандемскиот супер сингл „I Could be the One“ со Avicii (кој доживеа масовен успех во Европа, особено во Велика Британија, искачувајќи се на првото место на британската топ листа многу брзо по неговото излегување), како и новата нумера со наслов „Let Me Feel“.

Како продуцент, Romero работел на албумите на Rihanna „Unapologetic“, Britney Spears  „Britney Jean“  и Sia.

Деталите во врска со локацијата на која ќе биде одржан концертот на Ромеро, како и за продажбата и цената на влезниците, дополнително ќе бидат објавени во втората половина на јануари.

Авалон продукција

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …