Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Забавата продолжува со нова сезона од „Ѕвездите на Гранд“ на Сител

Забавата продолжува со нова сезона од „Ѕвездите на Гранд“ на Сител

Вашата омилена телевизиска забава продолжува со нови емисии за уште повеќе адреналин, смеа и емоции. Во стандардниот термин, сабота 21.15 часот, започнува нова сезона од “Ѕвезде Гранда” на Сител.

Најголемото музичко шоу во регионот и оваа сезона ќе ве разигра и разнежни во добропознатиот термин за вистинско опуштање и уживање.

Талентите од целиот регион ќе ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена, а покрај тоа што ќе треба да ја придобијат наклонетоста на публиката, идните ѕвезди на Гранд прво ќе треба да ги освојат симпатиите на стручното и продукциско жири.

Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор кој допрва ќе ве остава без здив.

Ана Бекута, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид се дел од провереното жири што победува и не се менува, а продукциското жири и годинава е предводено од Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ – Мили.

Нивната задача и оваа сезона нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот.

Бидете подготвени и сместете се удобно. Спектаклот се враќа на Ваше огромно задоволство. “Ѕвездите на Гранд” само на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од талент шоуто „Пат до ѕвездите“ секој петок на Алфа

„Пат до ѕвездите” е музичко талент шоу во продукција на „Арт студио“, кое се емитува …

error: Содржината е заштитена!