Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #026

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #026

#26то продолжение

 

 

            Со растреперени раце, Гато ја зеде подадената шоља со мате од рацете на Себастијан, кој стави пилула за смирување претходно во течноста. Фредо се повлече во својата соба, па Себастијан седна наспроти нервозното момче и длабоко погледна во неговите очи, па праша;

–       Сега кажи ми, кој беше во подрумот онаа вечер?

–       Доња Емператриз, дон Рафаел и уште еден човек но не успеав да видам кој.

–       Не успеа да го препознаеш гласот? Не знаеш дали беше маж или жена?

–       Не, – помалку нервозно одговори Гато.

–       Што точно слушна?

–       Ништо конкретно. Зборуваа многу тивко и одвај ги слушнав. Но, коваа договор или план, на тоа се сеќавам. Нешто поврзано со дон Лусијано, бидејки неколку пати слушнав како го изговараат неговото име.

–       Тогаш насетија дека ги преслушкуваш и ти побегна? Истрча во библиотеката на мојот татко? Што правеше татко ми кога влезе во библиотеката? Седеше на бирото?

–       Не, стоеше покрај прозорецот. Во тој момент го оставаше својот лек на наткасната.

–       И му кажа ли за она што го слушна?

Гато потврдно кимна со главата и се поднапи уште една голтка.

–       И како изреагира?

–       Нормално…Ми заблагодари и ми рече да молчам. Ми рече да одам бидејки треба да се види со вас. Тогаш го доживеа ударот. Јас се преплашив пријдов да му помогнам…ме грабна и како во шепот рече “Себастијан”. Tогаш падна на подот а јас побегнав. Бев исплашен.

–       Во ред. Во ред е, Гато. Ти благодарам што дојде и ми го кажа ова. Во однос на полицијата биди мирен. Јас ќе се погрижам за се.

 

 

Наредното утро, Агата ја посети својата золва Мерседес во нивната семејна вила. На Мерседес отсекогаш и годело присуството на Агата. Нејзината заразна смеа и позитивен дух ги исполнуваше нејзините часови на монотонија. Тоа утро, по барање на Агата ги отворија старите семејни албуми и двете гласно се смееа на старите фотографии. Дијана која стоеше на страна зачудено гледаше во нив.

–       Ова сме јас и Рафаел за време на нашиот меден месец, – воздивна Мерседес на една стара фотографија.

–       Мерседес, зарем немаш фотографии од твојата сестра?

–       Од Софија?, – како изгорена изрипа Мерседес. – Не, немам.

–       Јас мислам дека имам една со неа. Оној пат кога ме пречекавте на аеродром. Ќе побарам дома и ако ја најдам ќе ти ја донесам.

–       Благодарам, Агата, но подобро не. Не! Не!

Дијана во тој момент пријде до Агата и на уо и дошепна;

–       Извинете, доња Агата, но не е паметно да ја споменувате сестрата на доња Мерседес пред нејзино присуство.

–       Зошто?

–       Бидејки и враќа лоши сеќавања, а госпоѓата како што гледате не е во добра состојба.

 

 

Тоа утро, Себастијан ги повика Фредо и Ана на малиот аеродром во близина на градот, каде што во еден од магацините со години некористен стоеше авионот на кој научи да лета.

–       Не знам зошто сме тука, – рече Ана, откако Себастијан ја отвори церадата над леталото.

–       Утрово станав носталгичен и сакав да споделам со вас. Ова е леталото на кое научив да летам како млад тинејџер. Татко ми постојано ме носеше тука. Но, да го оставам тоа на страна. Знаете ли зошто ве повикав тука денес?

Фредо и Ана бледо го погледнаа.

–       Сакам да основаме заедничка авио компанија. Ние тројцата. Ништо големо, ништо налик Фалкон, не, нешто мало, локално, со кратки летови. Аеро-такси.

–       Аеро такси?, – скептично повтори Ана.

–       Ова може да биде нашата канцеларија. Замислете како ќе изгледа местово кога ќе се среди. Овој дел овде во аголот, ќе го покриеме и ќе ставиме биро. Аеро такси “Тројцата мускетари“.

–       Извини, но ова е глупост, – рече Ана. – Како мислиш да водиме компанија со еден стар авион?

–       Немој така за “Аранка“ бидејки авионот има душа. И не реков дека ќе работиме само со него. Ќе почнеме бизнис со него, додека не собереме доволно пари да купиме втор, трет…Тогаш Аранка ќе оди во пензија. Што велите? Партнери?

 

 

По кратката посета на Мерседес, Агата слезе во дневната просторија каде што нејзиниот брат веќе се подготвуваше да замине на работа.

–       Агата! Какво изненадување. Веројатно дојде да ја видиш Мерседес?

–       Веќе се видов со неа. Всушност, дојдов да те видам тебе, драг брату.

–       Баш ми е драго. Откако се врати немавме баш време да се видиме. Ми недостасуваат времињата кога сите заедно живеевме во оваа голема куќа.

–       Немој сега да стануваш носталгичен, Рафа. Се има свој крај. Но, ако толку сакаш, можам да се вратам во оваа куќа додека сум во Мексико. Би ме примил ли како гост?

–       Одлично. Ова е и твоја куќа. Куќата би оживела со тебе.

–       Ти благодарам, брате. Ќе размислам. Онаа куќа на периферија ме тера да се чувствувам осамено. Но, да преминам на главното. Сакам да зборувам со тебе на тема Мануел Ламас.

–       Мануел Ламас? Што за него?

–       Дали може да му се верува?, – отворено го праша Агата.

–       Да, апсолутно.

–       Ти благодарам. Тоа е она што сакав да знам.

–       Што си наумила сега, Агата?

–       Мануел и е вереник на мојата сакана внука Каталина. Зарем не смеам да се распрашам.

 

Во меѓувреме, Луз го заврте мобилниот број на својата сестра.

–       Ало Ката, имаш работа? А, не? Одлично. Не, те барам бидејки Алекс сака да дојде и да ме фотграфира.

–       Во мојот стан?, – праша Каталина од другата страна на линијата.- Не, не ми пречи но…

–       Така и си мислев. Ти се јавувам за да не се вратиш порано од работа.

–       Претеруваш, Луз, ти велам дека претеруваш…

–       Не биди стегната, Ката. Алекс само сака да ми ја покаже својата креативна страна.

–       Ќе ти кажам јас на тебе стегната. Да ги промениш чаршафите пред да се вратам Чао, – додаде Каталина и со блага насмевка го прекина разговорот, кога во истиот миг во нејзината канцеларија влезе татко и со тетка и Агата.

–       Драга моја. Го премолив татко ти да ме доведе. Претпоставувам дека ќе ме прошеташ низ компанијата.

–       Секако. Се за мојата најсакана тетка.

–       Најсакана бидејки сум една, – се пошегува Агата и тројцата гласно се насмеаа.

–       Јас ве оставам тука, бидејки имам состанок со Игуана за половина час, – рече Рафаел и се повлече од канцеларијата на својата ќерка.

–       Сега откако ја виде мојата канцеларија, ќе те прошетам низ компанијата како што сакаш. – Каталина и рече на својата тетка, земајки ја под рака. – Да продолжиме со дизајн катот.

–       Искрено, драга, не ме интересира дизајн делот. Ниту пак тура низ зградата.

–       Тогаш?, – Каталина збунето погледна во својата тетка.

–       Тоа беше само изговор пред татко ти. Само сакав да зборувам со тебе. Насамо.

–       За што?

–       За шармантниот брат на твојот вереник. Наводно се запознавте во градината за време на твојата веридба. Но мојата писателска интуиција ми говори дека се знаете од порано. Каква е поврзаноста помеѓу тебе и постариот од браќата Ламас?

 

 

Себастијан само што излезе од под туш, кога ѕвончето на влезната врата од апартманот без престан ѕвонеше. Замота фротирски пешкир пеку половината и појде да отвори.

–       Ти си последниот човек кој очекував да го видам, – изненадено рече Себастијан откако го пушти својот брат Мануел внатре во станот.

–       Сакам да зборувам со тебе.

 

 

Каталина знаеше дека каква верзија и да измисли, нејзината тетка нема да и поверува, затоа одлучи да и ја каже целата вистина за запознавањето со Себастијан.

–       Тоа е цела вистина, тетко, – додаде Каталина, плашејки се дека ќе биде осудена.

–       Браво, Ката! Во реалност си го доживеала мојот неостварен сон. Не знаеш колку пати сум пушувала за таква авантура, за таква љубов, но никогаш не сум ја доживеала на своја кожа.  Кобен лет, саботажа, бегство, обид за убиство, страст среде амазонска џунгла…секаков предзнак за бестселер.

 

 

Во меѓувреме, Луз уживаше позирајки пред фото апаратот на Алекс. Во еден момент Алекс снема филм во камерата, па ја замоли Луз да слезе во автомобилот и да ја земе торбата со опрема. Беше само изговор да остане на кратко и сам во станот на Каталина.

 

 

Себастијан ја облече кошулата и се врати нзад во дневната просторија каде што го чекаше Мануел.

–       Сега кажи ми каде е проблемот.

–       Зошто мислиш дека има проблем?

–       Бидејки ја имаш истата фаца како кога бевме мали и кога ќе се налутеше за нешто.

–       Прво сакам да знаеш дека дојдов да те видам бидејки сакав да те видам. Имав потреба.

–       Одлично. Ќе беше добро да ја имаше таа потреба назад низ годините, но никогаш не е доцна, – со блага иронија додаде Себастијан.

–       Другата причина поради која сум тука е бидејки сакам да знам кои се твоите причини, Себастијан.  Добро ме познаваш и знаеш колку мразам кога ми грабаат по нешто што е мое. Мислиш дека не видов што правиш ноќта на веридбата? Мислиш не видов како ја гледаш? Како се обидуваш да ја заведеш?

–       Не знам за што зборуваш…

–       Знам дека си убедлив на зборови,  но овој пат нема да успееш да ме надзбориш бидејки знам што видов.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …