Почетна / Серии / Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега живее со несигурност во повторна врска, повторни состаноци, повторни излегувања.

Ендру е познат хирург чиј син е ученик во училиштето на Лора. Првичната привлечност доведува до средба меѓу Лора и Ендру, но ниту еден од нив не ги разбира целосно долгорочните последици што ќе ги има нивната средба за нив самите или за нивните семејства. Следното утро Лора се буди силувана, а истрагата ја насочува кон Ендру со кого ја помина ноќта.

Вистината и последиците одат рака под рака во напнатиот и возбудлив мистериозен трилер кој ги испитува двете страни на врската и двете страни на вистината. Дали секоја приказна има две страни и која е линијата меѓу вистината и лагата открива новата британска серија на Сител телевизија.

“Лажго” за вечерна возбуда и напнатост, секоја сабота и недела на Сител во 22.40 часот. Затоа што ништо не е онака како што изгледа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

error: Содржината е заштитена!