Почетна / Живот / Награда „ Трајко Прокопиев“ за композиторот Љупчо Константинов

Награда „ Трајко Прокопиев“ за композиторот Љупчо Константинов

Во рамките на манифестацијата „ Денови на македонска музика“ , највисокото професионално признание на Сојузот на композитори на Македонија, за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата- наградата “Трајко Прокопиев“, вечерва ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Кoнстантинов. По минатогодишната награда -Голема звезда на македонскиот филм, која му беше доделена на ИФФК “Браќа Манаки“, ова е второ големо признание за Константинов од Македонија, по бројните награди кои ги освои на големите театарски и филмски фестивали во поранешна Југославија :“Златна арена“, на филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот “Среќна нова 49“, “Златни ловорови венци, на театарскиот фестивал МЕСС во Сараево, за музиката во претставите “Електра“ и “Шехерезада “, во режија на Томаж Пандур, за која ја доби и награда на критиката на меѓународниот фестивал во Мексико .

Љупчо Константинов е автор на музиката за филмвите „Црвениот коњ“, „Јужна патека“ ,„ Хај фај“, “Тетовирање“,“Македонска сага“,“Преку езерото“ и др.Соработувал со познати имиња од светот на филмот како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Митриќески. Неговите музички квалитети ги откри и познатиот театарски режисер Паоло Маџели, кој го ангажира како постојан соработник на сите негови претстави “Црна дупка“, “Вујко Вања“,“Тетовирани души“,“Метастабилни грал“, “Добариот човек од Сечуан“,“Буздо“ и други кои Константинов ги компонирал за отварање на Сплитско лето и Дубровнички летни игри и за театрите во Загреб и Европа. Напишал музика за 60-тина театарски претстави , 30-тина играни филмови , за телевизиски драми и документарни емисии.

Љупчо Константинов е роден на 11 декември 1946 во Охрид. Дипломирал на Музичка академија во Белград. Според критичарите “тој со своето долгогодишно искуство и фанатична посветеност во потрага по креативното, убавото, по оние тајновити музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа ,се вбројува во онаа плејада на врвни наши оргинални, автентични творци, кои се достојни за почит.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири главни теми на претстојната конференција за е-трговија

Петок, 11 ноември е датумот резервиран за 5. јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија …

error: Содржината е заштитена!