Почетна / Телевизија / МРТ 3 – нов спортско забавен канал на Македонската телевизија

МРТ 3 – нов спортско забавен канал на Македонската телевизија

Во период кога се замрени сите спортски, културни, музички и естрадни настани, Јавниот сервис влегува во амбициозен потфат да привлече гледачи коишто по нормализирањето на ситуацијата, ќе имаат телевизиска фреквенција со порелаксирана програма.

МРТ-3 нема да биде само спортски канал, но ќе понуди нешто што специјализираните спортски канали во моментов не можат. Како членка на Евровизија, МРТ обезбеди ексклузивна можност да ги реемитува претходните светски фудбалски првенства, додека партнерството со Интернационалниот Олимписки Комитет и дава шанса повторно да и ги понуди на публиката претходните олимписки игри. Затоа, во наредните денови ќе ги освежиме сеќавањата на фудбалскиот Мундијал во Русија 2018 со потсетување на сите 64 натпревари, а ќе се навратиме и на најголемите возбудувања од најатрактивните настани на ЗОИ во Пјонгчанг 2018.

Очекувајќи што поскоро да прекине спортскиот мораториум на глобално ниво, а негувајќи идеја со тек на времето да напредува, да расте и да се надградува, МРТ-3 ќе ги обнови спомените од последниот период и од ракометната ЕХФ Лига на шампионите, од ракометната СЕХА Лига, како и од сите други спортски натпреварувања за коишто располага со ТВ-права за тековнава сезона (кошаркарската НБА лига, хокејарската НХЛ лига, ИСУ сезоната во уметничко лизгање, италијанскиот и францускиот фудбалски шампионат).

Телевизиските права особено за меѓународни настани секогаш се со временски лимитирана важност. Toa оневозможува МРТ повторно да емитува многу скапоцени материјали од поновата и од постарата документација. Таквата ограниченост за реемитување настани од некогаш е пречка да нурнеме во архивата и уште подлабоко, можеби и повеќе децении наназад. Сепак, тоа отвора можност да и понудиме на јавноста и значителен дел од настаните на домашните спортски терени, на коишто јавниот сервис по традиција им дава публицитет.

олажниот спортско-забавен карактер на МРТ-3 ќе биде надополнет со избор на квалитетни филмски остварувања и серии, како и со музички и забавни програми во продукција на МРТ коишто при премиерните емитувања имаа силен одек и наидоа на големи симпатии во јавноста.

Спортска програма на новиот спортско-забавен канал МРТ3

Gepostet von МРТ1 Промо am Freitag, 10. April 2020

 

Сите овие содржини ќе се испреплетуваат во ударниот термин од 16 до 24 часот. Оние коишто ќе го пропуштат првото емитување, ќе имаат уште две можности да ја погледнат истата понуда – од полноќ до 16 часот наредниот ден.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интервју со Владимир Кличко во централните вести на Канал 5

Денес (29. април) во Вестите во 18 часот на Канал 5 гледајте ексклузивно интервју со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!