Почетна / Телевизија / МРТ почнува со емитување на четири нови телевизиски канали

МРТ почнува со емитување на четири нови телевизиски канали

МТВ 1 – досегашната Прва, останува со истите содржини
МТВ 2 – канал на албански јазик
МТВ 3 – канал за спорт и забава
МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма
МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма

Нови телевизиски канали за секого во Македонија. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да ги гледаат новите канали откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.

Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5 и Спортско-забавниот канал МРТ 3 во СД резолуција на каналите 6 и на 8, а во ХД резолуција на каналите 711 и 712.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да ги гледаат новите канали на МРТ, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или на Сет-топ бокс уредите.

Прв канал што ќе почне да емитува програма е МТВ 5 кој ќе започне на 8 април (среда) со почеток во 16:00 часот, а втор ќе биде МТВ 3 кој ќе започне да емитува програма на 10 април (петок) со почеток во 16:00 часот. Останатите два канала ќе започнат со работа на 16 април (четврток). Овој датум е земен заради јубилејот којшто го одбележува програмата на албански јазик.

Македонската телевизија ве поканува да ги следите нашите програми и да останете дома. Да ги почитуваме препораките за да се заштитиме себеси и своите најблиски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пофалба за ТВ Алфа за новиот модернистички изглед на титлот

По долги години користејќи го титлот со транспарентна позадина во кој одредени букви се јавуваа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!