Почетна / Сапуници / Љубов на „Полна месечина“ секој викенд на Сител во 21.30 часот

Љубов на „Полна месечина“ секој викенд на Сител во 21.30 часот

Нова романтична приказна секоја сабота и недела во 21.30 часот на Сител. “Полна месечина” е приказна за Ферит и Назли, чија љубов е подеднакво слатка, како и горка, подеднакво смешна, како и драматична. Во продолжение прочитајте ја содржината на новата Сителова новела :

Назли е млада и весела девојка, за која секој ден е борба со животот. Сонува да биде успешна готвачка, па затоа студира гастрономија, а паралелно, посетува курсеви по јапонски јазик и работи дополнително, како би обезбедила пари за нејзините две сестри Фатош и Асуман. Нејзиниот едноставен живот се менува дента кога добива понуда да работи како личен кувар за богатиот бизнисмен Ферит.

Но, таа работа бара од неа да се почитуваат одредени правила. Мора да ја готви храната по претходно доставена листа од газдата, не треба да се шета низ куќата, не смее да излегува надвор од кујната, а работата да ја завршува внимателно и да си заминува од таму пред да дојде шефот. Па така, започнува нејзиното интересно секојдневие.

Таа ги почитува правилата, а Ферит ја обожува нејзината храна. Таа мисли дека газдата е некој старец, а тој мисли дека готвачката е некоја постара особа. Но, нивната неочекувана средба во куќата ќе ги промени предрасудите. Ферит и Назли се запознаваат и се вљубуваат еден во друг. Таа за него е интересна, искрена и симпатична. Тој за неа е згоден, сериозен, но и голем ситничар.

По грешка на случајностите, сестрата на Назли прави една грешка и Ферит го губи старателството врз внукот. Кога Ферит ќе дознае дека Назли знаела за тоа, решава да ја тргне настрана од него. Приказната на Назли и Ферит ќе мора да ги реши сите дилеми во љубовта и повторно да ги спои вкусовите на слатко и горчливо.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!