Почетна / Сапуници / „Срцето на градот“, нова турска драма на кабловскиот Dizi канал

„Срцето на градот“, нова турска драма на кабловскиот Dizi канал

На Dizi почнува нова возбудлива серија. „Срцето на градот“ ја раскажува приказната за Али, морнар, израснат на товарен брод од страна на Рауф, кој го спасил како дете откако и двајцата биле сведоци на убиството на неговата мајка – од рацете на неговиот татко.

Во друштво на Рауф и пловејќи по морињата, Али расте на брод, а Рауф за него е и мајка и татко, човекот кој го израснал и кој се грижи секогаш за него, обидувајќи се да го натера да заборави на траумата што ја доживеал во детството.

Денот кога Али се враќа во срцето на Истанбул е денот кога ќе мора да се соочи со сите стравови, но и да ги открие тајните кои го обвиле неговото минато.

Во тоа ќе му помогне младата Дерин, чиј живот се вкрстува со минатото на Али, без било кој од нив двајцата да го знае тоа.

Од понеделник до петок во 19.10 часот и неколку репризни изданија во текот на денот и ноќта.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва згасна уште еден млад живот, почина Каан од „За семејството“

Голема трагедија во вечерашната епизода од семејната сага “За семејството”. Новата епизода на Канал 5 …

error: Содржината е заштитена!