Почетна / Сапуници / Српска кабелска ТВ ја купи историската серија за „Султанката Косем“

Српска кабелска ТВ ја купи историската серија за „Султанката Косем“

Секој ден, од понеделник до недела во 20:50 часот, на српската Курир телевизија започна со емитување историската драма за „Султанката Косем“.

Станува збор за долгометражна серија од продукцискиот тим што стои зад познатиот турски хит „Величествениот“, па затоа не изненадува што и оваа приказна нуди раскошна продукција, импресивни костими и возбудливи дворски интриги.

Серијата го следи животот на Косем Султан, една од најмоќните жени во историјата на Отоманската империја.

Од млада девојка која пристигнува во харемот, таа станува сопруга на султанот Ахмед I и жена што со својата мудрост, влијание и политичка умешност ќе ја одбележи една цела епоха.

Љубовта, борбата за престолот, дворските игри и безмилосните пресметки ја прават оваа серија вистинско уживање за љубителите на историските драми.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една турска серија репризно на Канал 5 – „Другата жена“ за викенд

Сабота и недела по полноќ на фреквенцијата на Канал 5 се репризира Другата жена, турската …

error: Содржината е заштитена!