Почетна / МК Сцена / Домашните ѕвезди на петчасовен концерт на „Фестивал Мозаик“

Домашните ѕвезди на петчасовен концерт на „Фестивал Мозаик“

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“. На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди.

Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист Слаткаристика и неговиот гостин,кралот на ромската музика- Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари- Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера.

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. Картите се по цени од 150 и 200 денари и веќе се пуштени во продажба на МКТИКЕТС. По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.

Бидете и вие дел од најдобриот музички мозаик!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!