Почетна / МК Сцена / Секогаш уникатни: момците од „Лајв бенд“ со нова песна и видеозапис

Секогаш уникатни: момците од „Лајв бенд“ со нова песна и видеозапис

„Да си прашам за неа” е насловот на втората песна на момците од Лајв бенд, која доаѓа веднаш по првенчето „Туѓина била маќеа”, композиција посветена на нашите иселеници, која помина навистина одлично кај слушателската публика.

 

 

Новата песна, која деновиве, заедно со спот, ја промовираат момците од бендот, е сосема поразлична од претходната и е во карактеристичен 7/8 (седум – осмински) ритам.

– Автор на музиката е нашиот колега и член во групата, , Роберт Ангеловски, кој успешно се впушта и во композиторските води, тематиката на текстот е љубовна. Спотот е снимен на повеќе локации низ градскиот парк во Скопје, информираат членовите на бендот.

Инструментариумот е збогатен и нуди можност за изведба со целосен народен оркестар, а, секако, тука е и кавалот, инструмент кој е неизбежен кога се работи за Лајв бенд. 

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Зашо“ раперот David Black се враќа на македонската музичка сцена

Поранешниот ЈуТјубер и рапер Давид Радичевски, познат како David Black, се враќа на македонската музичка …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!