Почетна / Забава / Подгответе се за ураганот „HEIDI“ ветува луда журка утре во МКЦ

Подгответе се за ураганот „HEIDI“ ветува луда журка утре во МКЦ

 

“WIN MUSIC FREEDOM” по одличната градска забава со Miss Kittin, Solomun Hosh и Pan Pot има чест да ви ја претстави ураганот HEIDI, жената која во последната декада стигна до висока позиција, всушност лидер во презентација на најквалитетна андерграунд хаус и техно музика. Одличната забава е закажана на 5ти ноември, сабота, во МКЦ Со почеток од 23 часот. Локална поддршка ќе има од DJ Flooder & Maci Stojanovic, а како Win Music Freedom Lounge се Ивана Драгшиќ, Соња Исмаил и Илина Ангеловска. Билети во продажба во Hash Bar, Кино Карпош, Радио Бар, Излет Кафе, Билетарата на МКЦ, Јагода (Битола) и http://mktickets.mk/heidi-mkc

“Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува“ има изјавено Heidi за Independent.

Како диџеј има настапи на сите континенти, од фестивали до највлијателни клубови како “Watergate” Берлин, “Fabric” Лондон, но работи и како уредник на емисијата “Residency” на глобално популарното “BBC radio one”.

 

Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата

Родена е во Канада и во средината на деведесетите започнува да патува на журки во Детроид и Чикаго, стекнувајки значајно дискофилско искуство. Во 2001 година се сели во Лондон, сериозно инволвирајки се во клубската сцена преку работата во продавница за плочи и непрестано журкање. Затоа таа вели : “Шизам дур пуштам музика бидејки потекнувам од подиумот. Тоа прави да ја чувствувам музиката вистински и знае најчесто да ме донесе до експлозија”. Во 2004 година заминува за Берлин, под заштита на Гермаското продуцентско дуо M.A.N.D.Y. Берлин ја засакува и ја препознава свежината која HEIDI ја носи со својот одличен избор на нова хаус музика и најдоброто од андерграунд класиките. Станува резидент на “Watergate”, но исто така често е букирана и во “Panorama bar/Berghain” .

Ова го препознаваат во “BBC Radio One” и ја покануваат да уредува емисија за нови диџеј таленти, но по шест месеци, таа го добива своето вистинско радио шоу “Residency”, каде добива можност безкомпромисно да претстави најавангардни продукции на хаус и техно музика. Поради долгогодишно дружење и настапи со највлијателните диџеј имиња, таа успева да создаде сосема нов концепт на водење дискографска куќа. За нејзиниот бренд “JACKATHON”, свои песни издадоа Miss Kittin и легендарниот Derrick Carter. На истоимените забави HEIDI меѓу другите ги имаше за гости : Richie Hawtin, Soul Clap, Solomun, Maceo Plex, Nicolas Jaar…

За HEIDI речиси нема слободен ден. Таа буквално е највредниот диџеј на денешницата.

Се гледаме на журка!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолинистот Стефан Миленковиќ и „Профундис“ со концерт во Скопје

Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!