Почетна / Серии / Теленовели / Турска серија добитничка на ЕМИ – хитот во најава „Бескрајна љубов“

Турска серија добитничка на ЕМИ – хитот во најава „Бескрајна љубов“

 

За прв пат, турска серија стана најдобра тв новела во светот

 

За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. “Kara Sevda” триумфираше во категоријата за најдобра теленовела вчеравечер на гала вечер во Њујорк, а беше номинирана покрај докажаните бразилски теленовели “Тotalmente demais” (Дива) и “Velho chico” (Старата Река), како и канадската “30 vies” (Патот со број 30).

 

 

Интернационалните ЕМИ награди се најзначајни награди во меѓународната телевизиска индустрија, а наградата за најдобра теленовела досега ја имаат добиено бразилските “Индија” (Сител), “Илузионист” (МТМ), “Рамо до рамо” (ТВ 21), како и португалската “Тајната на дивата река” (Сител).

 

 

“Kara sevda”, односно “Бескрајна љубов” е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитува во сите балкански и арапски земји. Има добиено многу признанија во матичната земја како ‘Најдобра драма на годината’ од страна на познати турски универзитети а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016.

 

 

“Бескрајна љубов” е новела во која главната улога ја толкува познатиот Бали Бег, а оваа телевизиска сезона, ексклузивно започнува и во Македонија на Сител телевизија, откако претходно помина на цел Балкан.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Ексклузивно на Сител доаѓа серија од земјата на Боговите и божествените острови. Очекувајте го наскоро …