Почетна / МК Сцена / „Бела Маре“ на Славко Зафироски, изведена на „Роса Фест“ доби и видео

„Бела Маре“ на Славко Зафироски, изведена на „Роса Фест“ доби и видео

Со музиката веќе активно се заминава 10 години, од кој 7 години е дел од групата „Интермецо“ на познатиот Влатко Миладиновски.

 

 

После долго време, гостиварчанецот Славко Зафироски, кој настапува и како солист, актуелен е со две песни, од кој за едната е снимен и спот.

– Песната „Бела Маре“ ја отпеав на фестивалот „Роса Фест“ во 2016 година, а сега го промовирам и спотот за неа, додека пак втората е веќе готова. На песната „Бела Маре“ работеше тим од докажани музичари, односно истата е дело на Златко Миладиновски, а текстот на Драган Матевски од групата „Фаворити“ од Гостивар. И за втората песна , која веќе е готова, авторите се истите луѓе, а за истата планирам и видео запис, вели Славко.

Иако песната „Бела Маре“ е од 2016 година, сега повторно се актуелизира, бидејќи спотот беше промовиран пред нешто повеќе од еден месец.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!