Почетна / МК Сцена / „Инструментал Бенд“ ја расплака Македонија со слика од Тоше Проески

„Инструментал Бенд“ ја расплака Македонија со слика од Тоше Проески

„Инструментал Бенд“ со видеозапис и преработка на големиот хит „Полско цвеќе“ ја одбележува 10-годишнината од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгуби нашата музичка легенда Тоше Проески, а целиот регион беше обвиен во црно.

– Со проектот „Полско цвеќе“ сакаме да ја одбележиме 10-годишнината од немилион настан кој го обви целиот регион во црно, но и да ги потсетиме сите дека Тоше се уште живее во нашите срца. Изразуваме огромна почит и благодарност кон се што направи. Неговите дела ќе живеат вечно, велат од бендот.

Преработката на песната е во продукција на Михајло Манојловски, а видеозаписот е снимен во режија на Куба Видео на неколку локации во Крушево, на брегот на Преспанското езеро и во Националниот парк „Пелистер“. На видеозаписот се појавува уметникот Александар Поповски, сликајќи го портретот на Тоше, но и кавалџијата Алекс Петковски.

Бендот изразува огромна благодарност до сите кои несебично се вклучија во овој проект и ја поддржаа неговата реализација. Меѓу нив се: Спомен куќата „Тодор Проески“ и директорката Елена Мирчевска, Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ – Битола и Александар Жежовски, Connect Beach – Сливница, Националниот парк „Пелистер“, Агим Џело (асистент на камера), Благоја Масак Кечулкоски и Тони Леко Карапанчевски.

Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ постои од 2005-та година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!