Почетна / Сапуници / Познатата српска сапуница „Вистини и лаги“ во 20 часот на Алфа

Познатата српска сапуница „Вистини и лаги“ во 20 часот на Алфа

“Вистини и лаги” е српска теленовела што се прикажува од 2017.та година на Прва (Србија). Првата сезона на серијата е римејк на аргентинската телекомедија “Graduados”, a втора и трета се адаптација на втората сезона од серијата “Symmathites”, грчиот римејк на “Graduados”. Серијата беше една од најгледаните во Србија за време на емитувањето.

Просечната гледаност на првата сезона беше околу 22% удел во вкупната гледаност, а во текот на март 2018 година, серијата беше погледана од натпреварите во Лигата на шампионите. Највисока гледаност достигна на 29.05.2018 година со удел од 30,4% во гледаноста. Нова, четвртта сезона се планира во 2021-та година, a дотогаш следете ја оваа семејна комедија секоја вечер на Алфа во 20 часот, веднаш по турската серија “Ќерки”.

Содржина :
Дејството започнува во Белград, кон крајот на деведесеттите години, кога група на средношколци дипломираат. Убавата и богата Марина е девојка на Павле Филиповиќ, бунтовен фраер и насилник во училиште.

Откако Марина ќе го фати Павле како има секс со друга девојка во бањата за време на матурата, таа ја напушта забавата. Нејзе ѝ се придружува Никола и двајцата доживуваат една спонтана, но романтична и страстна ноќ во неговиот автомобил.

Марина останува бремена, а нејзиниот татко Раде, сопственик на успешна компанија за храна за кучиња “РБ Груп”, ја тера да се омажи за Павле, не знаејќи што се случило меѓу неа и Никола. Таа ноќ исполнета со возбуда, гласна музика и алкохол, ќе остане во сеќавањето на сите како крај на една ера и почеток на нова фаза во нивните животи.

По 20 години, Павле работи за РБ групацијата, а Никола живее релаксиран и спокоен живот, работејќи како шетач на кучиња. Павле и Марина се во брак, кој и не е така среќен како што изгледа, а Арсениј е нивниот син средношколец. Марина, сосема случајно го ангажира Никола за своето куче, се изненадува што повторно го гледа и сеќавајќи се што се случило меѓу нив на матурската вечер, одлучува да направи ДНК-тест за да утврди дали Арсениј е син на Никола, а не на Павле.

Тестот покажува дека Арсениј е всушност син на Никола и плод на матурската вечер, која ги одбележа нивните животи. Во свет испреплетен со вистини и лаги, пред Арсениј се наоѓа тајната за неговиот биолошки татко, која допрва ќе ги замрси односите на ликовите.

Никола и Марина започнуваат тајна романса, затоа што страстите од минатото повторно се разгоруваат, а пак Павле започнува тајна врска со злобната Татјана, ковајќи планови против таткото на Марина.

Семејството на Никола го сочинуваат од таткото Илија, мајката Дана и помладата сестра Тара. Илија има продавница за ткаенини, Дана е вечно незадоволна од нејзиниот живот, додека Тара, која работи во РБ групацијата, нема среќа во љубовта.

Освен со неговото семејство, се запознаваме и со неговите неразделни пријатели уште од средношколските денови, Кристина и Слоба. Никола, Кристина и Слоба ги живеат своите животи како ништо да не се сменило во тие 20 години, се уште почитувајќи ја заклетвата што ја дадоа на матурата – дека никогаш нема да имаат постојана работа, сериозна врска или свое семејство.

Сепак вистината за синот на Никола ќе ја стави на тест и одамна дадената заклетва, а пак една одамна скриена желба за одмазда ќе внесе немир во животите на ликовите. Татјана е исто така бивша матурантка која поради исмевање на нејзините соученици, сега под сосема друг идентитет и изглед, е решена по секоја цена да им се одмазди на Павле и Марина.

Љубов, одмазда и интриги следуваат во низата ситуации меѓу ликовите чии судбини ги одредуваат скриените вистини, но и откриените лаги.


Улоги : Jana Ilić, Zoran Pajić, Stefan Buzurović, Bojana Ordinačev, Jelena Gavrilović, Ljiljana Dragutinović, Ljiljana Dragutinović​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!