Почетна / Забава / Приказната со Стинг не завршува тука, Авалон го најави и за лето 2019!

Приказната со Стинг не завршува тука, Авалон го најави и за лето 2019!

 

Салата „Борис Трајковски“ вчеравечер беше полна како никогаш досега, британската егенда Стинг го направи она што многумина не успеаја!

 

фото: Атанас Стојановски / популарно.мк

 

Буквално се бараше место повеќе за стоење, затоа што единственото слободно место каде посетителите можеа да се разминат беше ходникот кај главниот влез на салата.

Спектаклот започна точно на време и веднаш штом се исклучија светлата на сцената неочекувано набрзина се појави Стинг.

– „Добро вечер, Македонија!“ – рече тој на македонски, а по воведната нумера сцената ја препушти на неговиот син кој публиката ја загреа со пет музички изведби на акустична гитара.

10.000 публика беше нестрплива за спектаклот за кој хистерично се продадоа влезниците, па по 5 минутната пауза на сцената се појави големата светска ѕвезда со својт четиричлен бенд.

 

Следуваа голем број од препознатливите хитови на Стинг, меѓу кои скопската публика, но и оние дојдени од цела Македонија и соседните земји, најмногу реагираа на „Mad about you“, „If i ever lose my ontrol of you“, а цеата арена заедно со Стинг го пееше хитот на сите времиња „Eglishan in Newyork“ кој бендот ја отсвири во сцецијалната концертна преработка. На крајот бендот беше испратен со овации од сцената, но беше повикан на бис, и со песната „Fragile“ го затвори двочасовниот концерт.

Сопствениот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, на својот Фејсбук профил го најави Стинг и за лето 2019!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!