Почетна / Живот / Голема роденденска забава со награди во ЗОО Скопје

Голема роденденска забава со награди во ЗОО Скопје

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје” го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката. Со почеток од 17:00, ќе се забавувате со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
За најсреќните посетители следуваат супер подароци – Електричен мотор , фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Сѐ што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот. Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!