Почетна / Серии / Нова сезона на МТВ со репризи – „Мост“ по четвртти пат

Нова сезона на МТВ со репризи – „Мост“ по четвртти пат

“Bron”/”Broen” – од понеделник до четврток по 21.30 часот

Многумина ја нарекуваат “кралица на трилер сериите од Скандинавските земји”. “Мост” е популарна крими серија која со голем успех се емитуваше во матичната земја, а досега се емитуваше три пати и на Македонската телевизија и на 1 ТВ. Овој септември, наместо нови премиерни содржини, МТВ повторно со реприза на истите серии.

Oд оваа серија во данско-шведска продукција со снимени 4 сезони и вкупно 38 продолженија. Во главните улоги ги гледаме скандинавските актерски имиња како Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау. Во продолжение потсетете се на содржината на овој трилер :

Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите.

Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Светскиот хит „Breaking bad“ стартува оваа есен на МТВ 1

Оваа есен, Македонската телевизија на својата програма ни ја носи една од најпознатите американски серии …