Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Почна пријавувањето за новата сезона од „Ѕвездите на Гранд“

Почна пријавувањето за новата сезона од „Ѕвездите на Гранд“

Поради пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, моменталната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ нема да заврши во месец јуни, туку ќе продолжи од септември, а тогаш на големата сцена ќе имаат можност да се појават и нови талентирани пејачи.

Новите талентирани пејачи на почетокот ќе учествуваат по специјални услови, најдобрите од нив директно ќе се вклучат во натпреварот со оние што веќе ги поминаа првите три круга.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

За учество во „Ѕвездите на Гранд“, оваа година нема да има традиционални аудиции, па затоа целата постапка ќе се одвива преку интернет. Потребно е само да испратите електронска порака на zvezdegranda@grand.rs во која ќе пишете накратко информации за вас (име презиме, години, контакт телефон…) и ќе испратите видео во времетраење од минута до минута и половина. На видеото можете да пеете “на суво“, но може и да користите дополнителни музички инструменти како гитара, клавијатура и слично.

Оние кандидати што испаднале од тековната сезона, немаат право да се пријавуваат сега, тоа ќе може да го направат во наредната (2021) година.

Продукцијата „Гранд“ бара „целосен пакет“ односно, комплетна музичка ѕвезда. Покрај одличен вокал, натпреварувачите треба да се грижат за својот изглед и сценски настап.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И „Пеколна кујна“ се најде меѓу репризите на српски емисии на Алфа

По ДНК, Необјавени приказни, Семејни тајни, Работна акција… следува уште една репризна емисија на Алфа. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!