Почетна / Серии / „Училиштето над црната дупка“, тин серија репризно на МТМ

„Училиштето над црната дупка“, тин серија репризно на МТМ

“Black Holsey High” е уште една во редот на научно фантастичните серии кои се емитуваа од страна на локалните телевизии изминатата сезона. Сега, повторно реприза на серијата на МТМ телевизија и тоа секој петок наутро во 9 часот, неколку епизоди по ред.

Канадска научно фантастична драма “Училиштето над црната дупка”, снимена е од 2002 до 2006 година во 42 продолженија.

Пет ученици заедно со нивниот учител се во центарот на дејството. Тоа се хероите кои во подрумите на училиштето ја истражуваат црната дупка како научен феномен. Училиштето во кое ќе се случуваат големите мистерии и авантури на јунаците се наоѓа во јужно Онтарио, а веднаш до училиштето, пријателите откриваат античка лабораторија која ќе ги наведе на неочекувани откритија. Навистина чудни работи започнуваат да се случуваат кога Корина, Лукас, Џози, Маршал и Во ќе запловат во галаксијата на неоткриениот свет на физиката и ќе го формираат Научниот клуб, во кој единствен возрасен на кој може да му веруваат е професорот Закари.

Што ќе се случува со училиштето над црната дупка и ќе може ли учениците да се спасат од злите сили кои демнат во нивните ученички денови, останува да гледаат сите оние кои не беа во можност да ја следат премиерата на серијата летово. Потсетуваме, реприза на Прва Скопска МТМ, секој петок наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дружете се со „Свеќичката Оги“ сабота и недела на ТВ 24

Викенд забава на 24ка со новиот анимиран лик Секоја сабота и недела наутро во 9.50 …