Почетна / Забава / Голем концерт на Бајага & Инструктори во скопски Аеродром

Голем концерт на Бајага & Инструктори во скопски Аеродром

Во годината кога Авалон слави 30 години, готово невозможно е прославата во месец декември да почне без голем концерт на Бајага во Скопје.  Поготово што имаме извонредна сала како Јане Сандански која е создадена за ваков профил на настани.

А… и многу аеродромци ќе се потсетат како го гледаа Момчило низ населба (некогаш рано наутро, некогаш доцна навечер) во 1993та, 1994та, 1995та година… помеѓу неговите настапи низ Македонија и се чудеа што прави во Скопје.
Кругот не е круг, ако не се затвори. Во изминатиов период, Бајага & Инструктори ем напишаа уште многу големи песни, ем претходните се стекнаа со бесмртен хитовски статус.

Сето тоа ги прави Бајага & Инструктори сигурно едни од најпосакуваните регионални концертни атракции денес, со повеќе од 2.5 часа тотално хитовска програма. Бидејќи, да не се лажеме, сепак никој нема толку многу хитови како Бајага во својат кариера.
Влезниците се пуштени во продажба во ограничен број онлајн на ticketx.mk и преку продажната мрежа на
ticketx низ Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Со песната „Темјана”, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски, …

error: Содржината е заштитена!