Почетна / Филм / Никол Кидман е принцезата „Грејс од Монако“ во филмот на МРТ 1
Вторник, 31 октомври 2023 година - 21 часот, МТВ 1

Никол Кидман е принцезата „Грејс од Монако“ во филмот на МРТ 1

Биографска драма за животот на една од најинтересните филмски ѕвезди Грејс Кели (Никол Кидман) која се повлекува од светот на филмот за да стане принцеза.

Филмот бил номиниран за наградата „Еми“, во две категории, а кралското семејство од Монако издало официјално соопштение дека филмот никако не смее да се смета како биографски, зашто ги искривува историските факти.
Филмот ја прикажува приказната за холивудската глумица Грејс Кели која во 1956 година се омажила за принцот Рение од Монако.

Шест години подоцна, се заоструваат односите меѓу кнежевството Монако и Франција, зашто францускиот претседател Шарл де Гол се заканува дека ќе му наметне данок на Монако и дека ќе го заземе. Истовремено, во криза е и бракот меѓу Грејс Кели и принцот Рение, зашто таа сака да глуми во филмот на Алфред Хичкок, „Марни“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на МТВ 1 телевизиска премиера на „Кајмак“

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ оваа недела ќе се емитува на Првиот канал на …

error: Содржината е заштитена!