Почетна / Серии / Fox Life со мини романсата „Four weddings and a funeral“ во 23 часот

Fox Life со мини романсата „Four weddings and a funeral“ во 23 часот

Да се направи ТВ-серија базирана на филмот „Четири венчавки и погреб“ без ѕвездата Хју Грант беше голем предизвик за креаторите, кои на приказната од британската комедија од 1994 година ѝ дадоа модерен пресврт.

Затоа тие решија во серијата од десет епизоди да стават американски ликови кои се поврзани со Велика Британија и кастингот да биде мултикултурен. Од старата екипа во серијата се појавува само Енди Мекдауел. Кокреаторка на серијата е Минди Калинг, која е автор на американската верзија на серијата „Канцеларија“. Таа имаше кажано дека било застрашувачки да се преработи еден од најпопуларните и најомилени британски филмови. Затоа и внела освежувања како љубовната приказна помеѓу Афроамериканка и Британец со пакистанско потекло.

Во главните улоги се ѕвездата на „Игра на тронови“ Натали Емануел и Никеш Пател. Од 18 јуни во 22.55 часот ќе ја следите оваа мини романтична комедија на програмата на Фокс Лајф, од понеделник до петок.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Необично интервју на Мерт и Сарп од серијата Инсајдер

Кога мегапопуларната серија „Инсајдер“ се појави на ТВ-пазарот во Чиле, Чагатај Улусој и Арас Булут …

error: Содржината е заштитена!