Почетна / Серии / Воените акции на тимот на „SEAL“ секоја вечер на AXN во 20 часот
Од понеделник до петок во 20 часот на AXN

Воените акции на тимот на „SEAL“ секоја вечер на AXN во 20 часот

„С.Е.А.Л. тимот“ е воена драмска серија која ги следи професионалните и приватните животи на припадниците на најелитната единица на Морнарицата – СЕАЛ. Многу случаи во многу акции на новите херои чија задача е постојано да вежбаат, да ги планираат и да ги спроведуваат најопасните и најризични мисии во име на татковината.

Џејсон е почитуван и посветен лидер на тимот на морнарицата, чиј семеен живот страда поради воениот ангажман. Неговиот тим вклучува доверливи луѓе како што се Реј Пери, најдолготрајниот оперативец со кого добро се снаоѓа, Соња Квин, исклучителен и лојален војник со богато минато и Клеј Спенсер, млад војник со голема посветеност и оптимизам.

Клучни за успехот на тимот се аналитичарот на ЦИА кои жртвуваат сè за да се искорени злото, да се уништи тероризмот и да се држат работите под контрола во име на непоколеблив патриотизам и бестрашен ангажман.

“Seal team” е продуцирана од CBS во досега три сезони, а од 23 јуни (среда) ќе ја следите секоја вечер во 20 часот на кабловската AXN. Репризата е следниот ден во 19.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

error: Содржината е заштитена!