Почетна / Забава / Евровизија / Фото | Вака ќе изгледа фантастичната евровизиска сцена во 2024-та

Фото | Вака ќе изгледа фантастичната евровизиска сцена во 2024-та

Шведската национална радио и ТВ SVT заедно со EBU, ја прикажаа неверојатната сцена за Евровизија 2024 во Малме. Сцената во форма на крст ќе се наоѓа на средината од Малме Арената. За првпат публиката ќе биде од сите страни на сцената и со 360 степени ќе има поглед од секоја страна каде и да се наоѓаат.

Над сцената има движечки ЛЕД коцки, додека светлото и видео екраните се модуларни што значи сцената ќе биде различна за сите 37 земји учеснички. Концептот е креиран од Флоријан Видер и Фредрик Стормби. Флоријан досега осум пати бил вклучен за евровизиските сцени, а беше задолжен и за свеченото отворање на Светското првенство во Катар во 2022 година. Тој за првпат ќе работи со SVT и првпат на Евровизија по таа во Ротердам 2021 година.

Фредрик бил дел од креативниот тим за Лорин оваа година, како и на некои концертни турнеи на АБА и Бијонсе. Последен пат за Евровизија работел кога се одржувала во Малме во 2013 година. Извршниот продуцент на Евровизија 2024, Еба Аделсон изјавува:
“Концептот дава бескрајни можности, да се создаде единствен простор и да дојдат до израз и изведувачите, почетниот дел и делот за време на паузата за гласање. Тоа што го создадоа Флоријан и Фредрик е едноставно фантастично и ќе биде многу забавно да се види крајниот резултат.”

За жал Македонија ни оваа година нема да биде дел од овој неверојатен ТВ спектакл. Нашата публика ќе може да навива за некоја друга земја како Грција, Србија, Хрватска, Словенија или било која друга од останатите 33 земји.
EBU официјално и преку видео ја прикажа сцената:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план …

error: Содржината е заштитена!