Почетна / Сапуници / Нова серија на Канал 5 од авторот на „Тесна кожа“ и „Бољи живот“

Нова серија на Канал 5 од авторот на „Тесна кожа“ и „Бољи живот“

Сабота и недела во 16.45 часот на Канал 5 телевизија се емитува нова српска серија од авторот на најпознатите југословенски филмови (Тесна кожа) и серии (Отпишани, Бољи живот, Среќни луѓе, Вујче од Америка, Семејно богатство, Бела лаѓа).

Мирослав Чичановиќ или „Чичко“ е глава на семејство, кој за време на студиите се оженил со Маја со која има две деца, ќерката Сашка и синот Михајло. Кај децата не ужива висока репутација и авторитет, а уште помалку кај сопругата.

Сите тие живеат во станот на неговиот татко Арсенио, пензиониран професор по математика. На човек како Чичко, кој не импресионира ниту со својот став, ниту со способноста да живее здрав живот, му се дава голема шанса. Тоа ќе биде негова можност или негов пад…

Тој добива неочекувана понуда да заземе важна и одговорна позиција во општеството. Фактот што неговата биографија е празна, неговото CV е речиси „табула раса“ без значителен успех, го квалификува токму поради оваа причина: дека не направил ништо, ниту добро ниту лошо. Важно е ништо да не згрешил, да не збркал, да не расипал и да не украл.

Во одреден момент станува важно. Следува голем предизвик за оваа фамилија каде ќе треба да се прифатат успехот и новиот статус во општеството. Нивните судбини ќе наидат на неочекувани пресвртници, раскрсници, дилеми и искушенија.

Хероите на нашето време – приказна за нашето време, за моралните, етичките и семејните вредности кои сите ние ги живееме и која на комичен начин ги потенцира сите недостатоци од ова време преку ликовите од семејството Чичановиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!