Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Песна на Дарко Димитров ќе оди на Евровизија 2024

Видео | Песна на Дарко Димитров ќе оди на Евровизија 2024

Нашиот популарен композитор и аранжер Дарко Димитров ќе учествува на Евровизија 2024 во Малме, Шведска. Иако за жал нашата земја втора година по ред нема да учествува, тоа не ги спречува нашите композитори да настапуваат за некоја друга земја.
Во неможност да направи песна за Македонија, Димитров овојпат е дел од продуцентскиот тим на песната Zemrën n’dorë на пејачката Besa Kokëdhima која вчеравечер беше избрана во Тирана како претставник на Албанија.

Ова не е првпат Димитров да има свој удел во песната претставничка за Албанија; тој во 2015 година беше продуцент на песната I’m alive на Elhaida Dani, а во 2020 беше композитор и продуцент на песната Fall from the sky на Arilena Ara, но поради ковид пандемијата, таа година Евровизија беше откажана. Досега освен за Македонија, тој бил композитор или продуцент и за останати земји учеснички како Црна Гора и Србија.

Очигледно и за наредната година можно е да биде учесник и за други земји, а освен за Албанија, оваа година негова песна ќе се натпреварува за изборот во Србија и тоа песната Зови ме Лена на Lena Kovačević.

Во продолжение слушнете ја годинешната претставничка на Албанија, а дали Димитров ќе однесе победа и со српската песна, останува да почекаме до март.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план …

error: Содржината е заштитена!