Почетна / МК Сцена / Фото | Пепа Димитрова снима нов спот за „Со тебе немам сон“

Фото | Пепа Димитрова снима нов спот за „Со тебе немам сон“

После сè уште актуелната “Длабоко”, Пепа Димитрова веќе ја заврши новата песна и снима нов спот.

Се работи за брза и модерна песна, насловена “Со тебе немам сон”, потпишана од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин.

Спотот го работи Зоран Стојановски Зонде. По она што се гледа од сликите, Пепа повторно ќе има несекојдневен видео запис.


– Песната влегува во уво од прво слушање. Ќе ја промовирам заедно со спотот кој во моментот е во фаза на пост-продукција. Направивме модерна песна и модерен спот. Уживав додека снимав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката – вели Пепа Димитрова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

STEP на нашиот Galoski меѓу најпуштаните траки од диџеи во светот

Македонскиот диџеј и продуцент Galoski бележи нов голем меѓународен успех. Неговото најново издание STEP се …

error: Содржината е заштитена!