Почетна / МК Сцена / Фото | Пепа Димитрова снима нов спот за „Со тебе немам сон“

Фото | Пепа Димитрова снима нов спот за „Со тебе немам сон“

После сè уште актуелната “Длабоко”, Пепа Димитрова веќе ја заврши новата песна и снима нов спот.

Се работи за брза и модерна песна, насловена “Со тебе немам сон”, потпишана од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин.

Спотот го работи Зоран Стојановски Зонде. По она што се гледа од сликите, Пепа повторно ќе има несекојдневен видео запис.


Песната влегува во уво од прво слушање. Ќе ја промовирам заедно со спотот кој во моментот е во фаза на пост-продукција. Направивме модерна песна и модерен спот. Уживав додека снимав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката – вели Пепа Димитрова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нова песна на Мартинијан, инспирирана од „April u Beogradu“

Мартинијан Кириловски објави нова песна „Sećanje na april“ – современа музичка приказна инспирирана од емоцијата …

error: Содржината е заштитена!