Почетна / Живот / Еколошка акција „Сите сме рефлексија на животната средина“

Еколошка акција „Сите сме рефлексија на животната средина“

Клубот за младински активизам при Младинскиот образоцен форум (МОФ) заедно со уметникот и скулптор Андреј Миневски и Зеукстритон, здружение за заштита на екологијата и унапредување на културата и спортот во четвртокот (29.09.2022) во Општината Ростуше ја спроведоа еколошката акција „Сите сме рефлексија на животната средина“.
„Ова сме ние“, „Сите сме рефлексија на животната средина“, „Ова е огледало на еколошката (не)свесност.“, „Ова е огледало на (не)одговорноста за животната средина.“, „Како да ја разубавиме сликата во огледалото?“ се дел од пораките пренесени на петте вертикални огледала, поставени во центарот на Ростуше.

Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест кај граѓаните на општината со оглед на тоа што во Ростуше се мапирани 42 диви депонии за две години, општината до скоро немаше градоначалник, а јавното комунално претпријатие не може да постигне да го собере отпадот што настанува од домовите на жителите.
Жителите кои вчера ја посетија акцијата велат дека се свесни за недоволната грижа кон природата и упатија апел кон своите сограѓани и надлежните институции да соработуваат за почиста средина.
„Да ја чуваме околината за нашето и за здравјето на животните“, изјавија младите минувачи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова

На 22 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Котур Кафе“ ќе се одржи …

error: Содржината е заштитена!