Почетна / Телевизија / Дочекајте ја Новата година на Телма со познатите македонски ДиЏеи

Дочекајте ја Новата година на Телма со познатите македонски ДиЏеи

DJ Branchez, John Antonio, Dj Bobi и DJ Fici се задолжени за да ви приредат поинаков и поспецифичен дочек на Новата година. Телма телевизија со сосема поинаква новогодишна забава за своите гледачи.

Пандемијата низ целиот свет наметна нови начини на огранизирање забави, па затоа, City Radio одлучија да бидат дел од таканаречените online  случувања, и да нè забавуваат за време на Новогодишните и Божиќни празници со убава музика, преку која ќе испратат топли честитки за успешна 2021ва година.

Најпознатите и најистакнати диџеи од македонската музичка сцена, Диџеј Боби, диџеј Бранчес, диџеј Фици и диџеј Џон Антонио најавуваат одлична онлајн забава.

Идејата на City Radio преку овој проект е да покажат и докажат дека музиката е таа која што ги поттикнува позитивните вибрации, нè тера да играме, да се радуваме на денот, да испратиме насмевка, топла прегратка и да покажеме дека таа е причина плус сите да бидеме заедно, а сепак на далечина. Музиката е лекот за умот и душата, може да допре онаму каде ништо друго не може, длабоко во срцето.

Проектот „Се собравме за вас“, го овозможија City Radio заедно со официјалниот партнер A1,, а за да продолжи Новогодишната магија, City Radio овозможија и дочек на истата со емитување на „CE СОБРАВМЕ ЗА ВАС“ – Christmas Edition на ТВ Телма од 22:00 до 24:00 часот на 31ви декември и репризно Божиќно издание на 04ти јануари од 16:00 часот.

Бидете со Телма и  со музика која е тренд и барана во светот и која ќе има за цел да ги дигне на нозе сите во домовите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува мониторингот на медиумското известување за изборите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од утре започнува со мониторинг на изборното медиумско …

error: Содржината е заштитена!