Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Цевка има, топ не е, брада има, поп не е – нова сезона на „Нешто конкретно”

Цевка има, топ не е, брада има, поп не е – нова сезона на „Нешто конкретно”

Цевка има топ не е, брада има топ не е.
Што е тоа?

Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно” со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете.

Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно” се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје. а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема – Колку вредиме? Па Снеже има „скап” гости.
Новата сезона е и со нова најавна шпица:

Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Позитивна енергија во етерот со новата сезона од „Утринска на Телма“

Симпатично, лесно, урбано, динамично, типично за Телма. Нашите утринци – ваша позитивна енергија во етерот. …

error: Содржината е заштитена!