Почетна / Филм / Ријана, Бетмен, Флеш и Супермен во филмската новогодишна ноќ на МРТ

Ријана, Бетмен, Флеш и Супермен во филмската новогодишна ноќ на МРТ

Влезете во новата година со филмови на МРТ 1. По интересната акциона фантастика “The Meg” (00.15 часот), ноќта за Нова година следуваат во продолжение уште два филмски наслови.

“Осумте на Оушн” следува по “Мегалодон” во 20 минути по 2 часот. Деби Оушн е сестра на легендарниот измамник Ден Оушн која прави целосно женска екипа за да изврши невозможен грабеж на столетието. Нивната цел е годишниот ѕвезден бал во Њујорк, каде треба да украдат ѓердан од 150 милиони долари. Таа има совршен план и треба да го реализира најголемиот грабеж во нејзиниот живот.

Нејзина прва задача е најде совршена екипа на професионални крадци. Како прва, Деби ја регрутира нејзината партнерка во криминалот Лу и заедно со останатите специјалисти од тимот имаат заеднича цел- непроценливи дијаманти кои ќе бидат околу вратот на светски познатата актерка Дафни Клугер.

Планот е цврст, но сѐ треба да тече како подмачкано ако сака тимот да влезе и да замине со дијамантите. И тоа среде бел ден. Кејт Бланшет, Сандра Булок, Ен Хатавеј, Хелен Бонам Картер и Ријана се дел од од главната женска екипа на овој исклучително возбудлив филм.

И за крај на магичната ноќ, по Оушн ќе го гледате “Лига на правдата” во 4 часот по полноќ.

Поттикнат од обновената вера во човештвото и инспириран од несебичниот чин на Супермен, Брус Веин бара помош од својата новооткриена сојузничка, Принцезата Дајана, во соочувањето со најголемото непријателство досега. Сите заедно, Бетмен и Вондер Вомен мораат да го пронајдат тимот на суперлуѓе за да ја отфрлат новата закана.

И покрај тоа што формацијата ја чинат хероите Бетмен, Вондер Вомен, Аквамен, Сајборг и Флеш, можеби ќе биде предоцна да се спаси планетата од нападот со катастрофални последици. Во фимот „Лига на правдата“ се појавуваактерите со нивните животни улоги: Бен Афлек во двојната улога на Бетмен и на Брус Веин, како и актерот Хенри Кавил во двојната улогата на Супермен и Кларк Кент.

Cветски познатиот Џејсон Момоа го гледаме како Аквамен и Артур Кари, а како Принцезата Дајана се појавува и Гал Гадо како Вондер Вомен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!