Почетна / Филм / „Green book“, „Joe“ и „The giver“ во новогодишниот маратон на Телма

„Green book“, „Joe“ и „The giver“ во новогодишниот маратон на Телма

Новогодишен филмски маратон на реномираната телевизија Телма. Филмската треска започнува на 31 декември, веднаш по централниот дневник со “Вики Кристина Барселона”,  најдобриот филм кој Вуди Ален го направи последнава деценија.

Филмот е преполн со опуштена летна атмосфера, поткрепена со звукот на гитарата и вкусот на доброто вино, патувања, дружење, уживање во малите нешта кои го прават животот убав и се разбира, уживање во летните романси кои со себе ги носи летото.

Како што кажува и насловот, приказната се концентрира на одморот на двете другарки Вики и Кристина во Барселона. Вики е верена за мажот кој го сака и планира во Барселона да ја заврши дипломската работа за каталонскиот идентитет, а пак Кристина која неодамна ја раскинала својата кратка неуспешна врска е спремна за слатка летна романса.

Веднаш по овој филм, следува нова епизода од австралиските “Мистерии на доктор Блејк” и новогодишна техно забава со најпознатите македонски ДиЏеи.

Во новата година, дваесетина минути откако влегуваме во новата година, Телма продолжува со филмската програма. Прв на репертоарот е “Green book” (2018) на Питер Фарели, добитник на три „Оскари“ и три награди „Златен глобус“.

Да се биде Афроамерканец во шеесетите години во САД значеше живот со безброј правила. Инспиративна вистинита приказна за пријателството кое ги сруши расните и класните бариери со Виго Мортенсен, Махершала Али и Линда Карделини во главните улоги.

Во 2 часот по полноќ, го гледаме Николас Кејџ како “Џо”, филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година, во режија на Дејвид Гордон Грин. Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција во 2013 година.

Поранешниот затвореник Џо Ренсом е непоправливо несовесен човек кој арогантно се однесува кон својот автомобил, кон своето куче и особено кон жените. Се опијанува секојдневно, си поигрува со полицајците и се коцка. Сепак, го запознава момчето Гари во кој гледа нешто посебно: пристојност и неверојатна отпорност.

Гари никогаш не живеел како другите свои современици – не одел на училиште, постојано морал да се грижи за своето семејство, да ја чува сестра си од таткото-пијаница и да се надева за подобра иднина. Џо и Гари ќе воспостават многу необичен однос. Кога Гари ќе се најде во ситуација да не може да се справи со заканата што го снашла, му се обраќа на Џо за помош, со што ќе започне лавина неизбежни настани.

А оние кои нема да заспијат, по “Џо” ќе може да ја гледаат романтичната драма “The giver” (2014) со Брентон Твејтс, Џеф Бриџис и Мерил Стрип.

Во совршениот свет на Џонас сите се среќни, до дента кога ќе биде избран за да сфати дека постои и друг свет, полн со болка, лаги и војни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„On chesil beach“, „The bra“ и „Juliet naked“ во филмските премиери на Телма

САБОТА  27.02.2021 07:00 Teлма клуб – забавна емисија(р) 07:45 Телма клуб – продолжува 08:25 Метео …

error: Содржината е заштитена!