Почетна / МК Сцена / Видео | „Не буди ме зоро“, музичко првенче на Деан Стојановски

Видео | „Не буди ме зоро“, музичко првенче на Деан Стојановски

Од срце и без никакви задршки, двајца ентузијасти ја преточија својата емоција во музика и ја создадоа песната „Не буди ме зоро“ – дело кое не е само уште една композиција, туку вистинска животна приказна.

Едниот од овој креативен тандем, Деан Стојановски, по пауза од цели 28 години повторно влезе во студио, носејќи со себе искуство, емоција и вонсериски вокал. Со префинет слух и автентична инспирација, тој стои зад музиката на ова дело, потврдувајќи дека вистинскиот талент никогаш не исчезнува – туку чека вистински момент повторно да засвети. Од другата страна, Кирил Котевски за прв пат се впушти во авторство на текст, создавајќи стихови кои природно се слеваат со музиката и ја раскажуваат приказната за соништата, надежта и искрената емоција.

„Но, оваа песна не е дело само на двајца луѓе. Таа е резултат на заедништво, поддршка и искрено пријателство. Зад неа стои тим на врвни музичари и професионалци кои со својата посветеност и знаење ѝ дадоа душа: Миле Кузмановски – човек со огромно искуство во македонската естрада, кој несебично ја вложи својата енергија и поддршка, Илија Филиповски и Војче Петрушев – виртуози кои со своите инструменти ја оживеаја композицијата, Томче и Шарки – со нивната постојана поддршка и вредни совети во текот на целиот процес, Љупчо Павловски-Анастасија – автор на аранжманот кој ја обедини целата приказна во едно музичко дел, Дејан Горгиев (Арт Студио продукција/Балкан Мјузик телевизија) – креаторот на видеото што и даде визуелна форма на оваа емоција и Ресторан Одисеја – локацијата која придонесе видеото да добие модерен и светски изглед“, напишаа тие на социјалните мрежи.

„Не буди ме зоро“ е повеќе од песна – тоа е доказ дека кога нешто се создава искрено, без калкулации и од длабочината на душата, резултатот секогаш наоѓа пат до публиката.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени рефрените од сите 20 песни на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што …

error: Содржината е заштитена!