Почетна / Филм / Четврток навечер на МРТ 1 – биографската драма за „Џеки Кенеди“

Четврток навечер на МРТ 1 – биографската драма за „Џеки Кенеди“

Филмот ја следи Џеки Кенеди (Натали Портман) во деновите кога таа била прва дама на САД и нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, Џеки Кенеди се бори со болката и траумата да ја поврати својата вера, утеши своите деца, и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.

Џеки премиерно бил прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал, каде бил во конкуренција за наградата Златен лав, додека пак во САД бил издаден на 2 декември 2016 година од дистрибутерот Fox Searchlight Pictures. Филмот се здобил со универзално критичко признание и добил номинации за три Оскари на 89. доделување на наградите, и тоа во категориите најдобра глумица (Портман), најдобра оригинална музика и најдобра костимографија.

“Џеки” во четврток (23 мај) на првиот канал на Македонската телевизија во 21.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!