Почетна / Серии / Нова С со полноќна реприза на британската крими драма „Broadchurch“

Нова С со полноќна реприза на британската крими драма „Broadchurch“

Oд вторник до петок, британска серија на полноќ на Нова С

Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но …

Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на новтаа крими серија “Broadchurch”.

Oд вторник 16 јуни 2020, на кабловската Нова С телевизија ќе се репризира оваа британска драма, која ќе ја следиме од понеделник до петок на полноќ. Серијата беше веќе емитувана кај нас на Телма, а на Нова С исто така премиерно минатата година.

“So Close” од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со “So Far”. Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

error: Содржината е заштитена!