Почетна / Живот / Бесплатен и отворен настан за JavaScript ентузијасти со теми за блокчеин

Бесплатен и отворен настан за JavaScript ентузијасти со теми за блокчеин

есплатен и отворен настан за JavaScript ентузијасти со теми за блокчеин BeerJS е интересен, бесплатен настан за сите љубители на JavaScript. На своето шесто издание организаторот на BeerJs најавуваат актуелни тема за Блокчеин, овој четврток од 18ч. во Public Room. Еден од говорниците, Бобан Сугарески, Senior Software Engineer во Slice, речиси 6 години работи во областа на web development и низ годините имал можност да работи со повеќе програмски јазици и технологии. Во Slice работи како а ќе зборува за “Practical Introduction to Blockchain and the New Era of the Internet: Web3”.


Во најава на темата која ќе ја покрие, Бобан зборува дека, “blockchain технологијата целосно ќе го промени начинот на кој гледаме на дигиталниот свет. Криптовалутите се еден од најпопуларните резултати на глобалното распространување на blockchain технологијата, меѓутоа не се и не би требало да бидат единствената примена. Можноста различни финансиски, административни или социјални процеси да се одвиваат без централна фигура на моќ нуди широк простор за други новативни решенија. Во тој контекст, темата ќе опфати практичен вовед во Web3 апликации новата генерација на интернет апликации кои базираат некаква функционалност врз конкретна имплементација на blockchain технологијата.”

Настанот е поддржан од ИТ компанијата, Slice, а организиран од заедницата на BeerJs е бесплатен и отворен за сите заинтересирани. На овој настан покрај одлични и актуелни теми може да очекувате бесплатно пиво и нетворкинг дружба.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири главни теми на претстојната конференција за е-трговија

Петок, 11 ноември е датумот резервиран за 5. јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија …

error: Содржината е заштитена!