Почетна / Спорт / Европскиот куп во параглајдинг PGAEC во Охрид од 28 април

Европскиот куп во параглајдинг PGAEC во Охрид од 28 април

Воздухопловната Федерација на Македонија, параглајдинг клубот Fly Ohrid и Општина Охрид како покровител, од 28 април до 01 мај 2022г ќе го организираат Европскиот куп во параглајдинг PGAEC OHRID 2022.
На натпреварот ќе земат учество натпреварувачи од 15 земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување. Натпреварувачите ќе стартуваат од полетувалиштето во Велестово, а ќе слетуваат на стадионот “Билјанини извори”.


Организаторите ги охрабруваат сите граѓани на Охрид и потенцијалните туристи кои ќе бидат во Охрид за време од Велигденските и Првомајските празници, да го посетат настанот и да уживаат во вештините што ќе ни ги покажат параглајдеристите.
За таа цел организаторот се погрижи да обезбеди добра забава на која со свои DJ сетови ќе не почестат :
DJ Tommy Dready
DJ Vera Jankovich
DJ Alexandar

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Познатите Македонци со поддршка за ракометарките

Оние кои гордо го виореле македонското знаме на големи настани, знаат колку тежи црвено-жолтата чест. …

error: Содржината е заштитена!