Почетна / Серии / Полициската серија „Чикаго ПД“ со ноќни репризи на Сител

Полициската серија „Чикаго ПД“ со ноќни репризи на Сител

Секоја ноќ во 2 часот по полноќ, Сител телевизија ќе ја репризира американската полициска серија за одделот во Чикаго.

“Чикаго ПД” е серија за луѓето кои ќе стават сè на коцка за да би служеле на законот. На NBC се емитува од 2014та година, a седум сезони досега беа емитувани и во Македонија преку фреквенцијата на Сител.

Во ноќните часови, подигнете го адреналинот заедно со полицајците во униформи кои патролираат по улиците борејќи се против најтешките криминални дела во градот, како организираниот криминал, препродавањето на дрога и убиства на високи функционери и личности. На чело на овој оддел се наоѓа наредникот Ханк, енигматичен човек кој е подготвен да го заобиколи и законот само за да ја добие правдата.

Притисокот на неговото водство може да го издржат само најцврстите и најжилави подредени. И покрај проблематичното минато кое го врзува со шефот, детективот Антонио претендира да стане главен во таа единица. Тој не се предава ниту попушта и покрај секојдневните препирки со Ханк. За полицајците по улиците, секој ден да се преживее е нов предизвик.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само на Телма продолжува втората сезона од српскиот хит „Беса“

Втората сезона од популарната мафијашка драма стартува на Телма, веднаш по завршетокот на првата сезона. …

error: Содржината е заштитена!