Почетна / Телевизија / Америка стравува од гради!

Америка стравува од гради!

Минувачите во Лос Анџелес овие денови имаат можност да уживаат во погледот на бујното деколте на актерката Џенифер Лав Хјуит, односно во нејзината провокативна гигантска реклама, промоција на очекуваната контроверзна серија “The Clien List”. Сепак, според читателите на магазинот Entertainment Weekly, нејзините бујни “петки” се помош на магичниот Фотошоп се смалени на “пристојни тројки”.

 

 

Имено, на американските канали започна и долгоочекуваното промовирање. Контроверзната серија “The Client List” за главна улога ја има токму 33-годишната актерка Џенифер Лав Хјуит која ќе се претвори во мајка на три деца што одлучува да го продава своето тело откако нејзиниот сопруг останува без работа.

Оваа серија последните неколку дена е најавувана и на џамбо плакати ширум САД, но некои медиуми нејзиното деколте го оценија како преголемо, па со помош на магичниот софтвер го смалија дури за два броја со цел да ја заштитат американската јавност која се почувствувала “нападната” од гигантското деколте.

Инаку, Џенифер често изјавува дека го обожува своето бујно деколте и оти никогаш не би го менувала за ништо. “Го прифатив своето деколте како одличен моден детал што ја разубавува секоја моја комбинација”, истакна сексипилната телевизиска актерка.

Го молиме Бога серијата да пристигне и кај нас, ние Македонците сме бестрашни, со задоволство ќе уживаме во оригиналниот плакат  🙂

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!