Почетна / Телевизија / На веб сајтот на Алфа има стари информации за програмската шема

На веб сајтот на Алфа има стари информации за програмската шема

Доколку сакате да се информирате за програмската шема на Алфа телевизија и го посетите нејзиниот веб сајт, тогаш сигурно ќе добиете погрешна информација.

На веб страната на телевизијата во делот за “Програма” сè уште стои турската серија “1001 ноќ” која веќе три месеци е завршена и не се прикажува на оваа фреквенција во прајмтајм. Во 23.30 часот ја пишува српската сапуница “Вистини и лаги”, која исто така долг период ја нема на Алфа затоа што одненадеш беше укината.

Очигледно никој не ја ажурира програмската шема на телевизијата на веб страната каде стои и турската серија “Кога лисјата паѓаат”, која исто така е веќе завршена со реемитување на Алфа.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три месеци гратис MOVE со дел од понудите на www.akcija24.mk

MOVE е дел од атрактивните понуди на www.akcija24.mk, еден од пионерите на онлајн-трговијата во Македонија. …

error: Содржината е заштитена!