Почетна / Филм / По новата година, разбудете се со детскиот блок филмчиња на Сител

По новата година, разбудете се со детскиот блок филмчиња на Сител

сабота (01 јануари 2022) – “Малиот принц”, 05.45 часот

Од Марк Озборн доаѓа првиот досега анимиран филм адаптиран на ремек-делото на Антоан де Сент Егзипери, Малиот принц.

Во срцето на оваа приказна се наоѓа малото девојче, кое нејзината мајка ја подготвува за светот на возрасните во кој тие живеат – и е прекината од нејзиниот ексцентричен, добродушен сосед авијатичарот. Авијатичарот ја запознава со еден извонреден свет каде сѐ е можно. Свет, во кој тој бил претставен одамна од страна на Малиот принц.

Тука започнува магичното и емоционално патување на девојчето во нејзината имагинација, и започнува универзумот на Малиот принц. Таму девојчето го дознава своето детство и дознава дека во крајна линија, човечките врски се основни и само со срцето можат да бидат видени.

сабота (01 јануари 2022) – “Палчо”, 07.20 часот

Приказната за малиот човек.

сабота (01 јануари 2022) – “Време е за снег”, 08.30 часот

Голема божиќна снежна тепачка ќе ги развесели дечињата во првото новогодишно утро. Лук и Софи се главните ликови во оваа 3Д анимирана снежна авантура.

сабота (01 јануари 2022) – “Божиќен змеј”, 09.50 часот

Филм што ќе ве одведе во светот на фантазијата со децата од сиропиталиштето, кои со помош на змеј се обидуваат да го спасат Божиќ. Погледнете го овој совршен спој на хуманост и акција во фантастично-авантуристичката приказна од 2014 година.

недела (02 јануари 2022) – “Божиќни колачиња”, 06.30 часот

Љубовна приказна за Хана и Џејк која се одвива во една мало гратче под магијата на големиот празник Божиќ.

недела (02 јануари 2022) – “Фудбалче”, 10.00 часот

Во мало село каде што Амадео живее, нема никој доволно добар за да ги предизвика неговите вештини во фудбалче. Но, додека Амадеo е гениј во фудбалче, во реалниот живот е губитник.

Тој е заљубен во Лара, другарка од неговото детство, но е многу срамежлив за да и признае дека ја сака. Со што излегува само во неговото чудно, безвременско село. Кога Амадео ќе го победи во фудбалче силеџијата Флеш, на сцената се гледа епско ривалство. Полн со омраза, Флеш се заколнува дека ќе му врати на Флеш и десет години подоцна тој се враќа како интернационална суперѕвезда, фудбалска икона и Галатико е решен да му нанесе штета.

Го демолира селото за да изгради фудбалска академија. Го уништува фудбалчето и ја зема девојката на Амадео, Лара, во неговиот хеликоптер. Амадео е вознемирен и кога една од неговите солзи ќе падне на Скип, капетанот на играчите на фудбалчето, тогаш тој оживува….

недела (02 јануари 2022) – “Шелби – божиќната магија”, 13.10 часот

Познатиот комичар Роб Шнајдер го позајми својот глас за да го оживее храброто куче Шелби, кое бега од кафилеријата за да си го спаси животот. Оваа топла семејна приказна го следи посебното пријателство кое се раѓа меѓу детето Џејк и кутрето Шелби, и тоа токму за време на Божиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сабота на Телма акциониот трилер „Every last one of them“

Поранешниот војник специјалец за тајни операции, Џејк Хантер, очајно сака да ја пронајде својата исчезната …

error: Содржината е заштитена!