Илија Грујоски повторно на програмата на Македонската телевизија.

После неколку години телевизиска апститенција, Илија повторно во матичната ТВ куќа и повторно како дел од водителите на утринската програма.

Илија ќе ве буди секое утро со свежи и проверени информации во водителскиот тандем со Симона Илиевска.

Инаку, на Грујоски особено се сеќаваме како автор на „Талкачи“, една од најгледаните документарно-патописни емисии на МРТ, посветена на македонските градови, традиции и луѓе.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
