Почетна / МК Сцена / Видео | Mузичкиот проект Ris Flower со нов сингл „Hearts so cold“

Видео | Mузичкиот проект Ris Flower со нов сингл „Hearts so cold“

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: “Hearts So Cold”. По неговото последно издание “Live Power Session” (последно нешто снимено во веќе легендарната “Универзална Сала Скопје”), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година.

“Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно “НЕ!” и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна “Hearts So Cold” ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња.”

Со промоцијата на оваа песна, Ris Flower ја промовира и својата прва колекција за облека под името “Flowear” (@theflowear) чија тема се текстовите од песните на Ris Flower.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина со песна порача : Честит празник Македонијо! ❤️🇲🇰

Мега ѕвездата од домашен амбиент упати честитка за нашата сакана Македонија. Со малку изменет текст …

error: Содржината е заштитена!